[ФОТО] Емануел Макрон во несекојдневно издание: Францускиот претседател ги покажа стомачните мускули

Точка

16/08/2025

13:24

1.381

Големина на фонт

а а а

Францускиот претседател Емануел Макрон и неговата сопруга Брижит го поминале изминатиот викенд на југот од Франција, во познатата претседателска резиденција Форт де Брегансон.

Имено, парот уживал во опуштената атмосфера и сонцето на југот од Франција.


Претседателот Макрон беше фотографиран на јахтата, каде што ја покажа својата завидна физичка форма возејќи џет-ски, додека неговата сопруга Брижит поголемиот дел од времето го поминала на горната палуба во друштво на пријателките.

Инаку, Форт де Брегансон е средновековна тврдина сместена на Азурниот Брег (Côte d’Azur), која од 1968 година служи како официјално одморалиште на француските претседатели.


Потсетуваме во јуни оваа година, Макрон и неговата сопруга Брижит го привлекоа вниманието на медиумите поради неколку необични и донекаде непријатни моменти во јавноста.


Имено, за време на тридневната државна посета на Обединетото Кралство, парот пристигнал на аеродромот „Royal Air Force Northolt“ во Лондон. Но, при излегувањето од претседателскиот авион, Макрон се обидел да ѝ помогне на сопругата да се спушти по скалите, подавајќи ѝ ја раката. Меѓутоа, Брижит одлучила да се држи за оградата и го игнорирала неговиот гест. Иако на почетокот дури и не го погледнала, набргу потоа му се насмевнала.


Слична ситуација беше забележана и претходно оваа година во Ханој, Виетнам, кога камерите го фатија моментот во кој Брижит, веднаш по слегувањето од авионот, со двете раце го зграпчи Макрон за лицето и го оттурна наназад. Претседателот потоа се обиде да го намали значењето на настанот, тврдејќи дека станувало збор за шега и дека сопружниците меѓусебно често се задеваат на тој начин.