Градат станови во Македонија, ги продаваат и исчезнуваат

Денар

16/08/2025

17:45

4.205

Големина на фонт

а а а

Управата за јавни приходи го вклучи градежниот сектор во категоријата на најризични области за перење пари, особено поради комбинацијата на експлозивно зголемена побарувачка за станови, енормниот раст на цените и зачестеното плаќање со готовина.

Од таму велат дека во последните години во Македонија се појавила јасна шема: непроверени инвеститори градат, продаваат и исчезнуваат.

„Овие се лица или фирми што немаат врска со класично градежништво – немаат свој технички тим, немаат вистински надзор на објектите. Единствено што имаат е фиктивен договор за надзор, а во многу случаи фирмата им е регистрирана без раководител на градба“, објаснува градежен експерт со долгогодишно искуство.


Според него, токму ваквите „инвеститори од сенка“ ја користат градежната индустрија како најлесен канал за легализација на нелегално стекнат капитал.

„Градат, го продаваат за кеш, и парите – чисти како солза. Потоа ги нема. Не одговараат за квалитет, ниту за долгови“, додава експертот, потенцирајќи дека во такви услови логично е да се постави прашање за безбедноста и долговечноста на новите објекти.

Од градежната фела апелираат дека е крајно време институциите да ја затворат вратата за вакви „бизнисмени“.


„Ова е исто како во шумарството да ти дојде фирма што никогаш не видела пила. Само што во градежништвото последиците се далеку посериозни – станува збор за домови каде што ќе живеат луѓе, семејства, деца“, предупредуваат тие.

Остатокот од текстот можете да го прочитате ТУКА.