[ВИДЕО] Автобус со српски туристи каменуван во Грција, има повредени

Макфакс

21/08/2025

13:40

2.044

Големина на фонт

а а а

Автобус со 38 српски туристи бил каменуван синоќа на автопатот Егнација, во Солун.

Според полицискиот извештај, инцидентот го предизвикале четири лица, најверојатно малолетници, пишува Прототема.

Во нападот врз автобусот, во кој се превезувале српски туристи кои се враќале од одмор, неколку прозорци биле скршени со камења.

Двајца патници и еден од возачите се здобија со полесни повреди, објавува Катимерини.

Полицијата приведе две лица во врска со инцидентот, но не биле утврдени докази против нив и лицата биле ослободени.