Онлајн платформата за нарачка на храна „Klikni jadi“ привремено ја прекина доставата на храна – остануваат во борба „Wolt“ и „Korpa“

Точка

21/08/2025

09:00

3.198

Големина на фонт

а а а

Македонската онлајн платформа за нарачка и достава на храна „Klikni jadi“, која главно работеше во Скопје, привремено ја прекинува доставата на храна, но на неопределен временски период.

„Klikni jadi“ е онлајн платформа за нарачка и достава на храна, основана во 2015 година.

Таа функционирала како семеен бизнис којшто преминал во еден од лидерите во индустријата за достава на храна во Македонија.


Вчера, на нивната страница се појави известување до сите корисници на платформата, а во него пишува:

„Почитувани корисници, Нашата услуга за достава ќе биде привремено прекината од денес, за неопределен временски период. Благодариме на разбирањето“.

За потсетување, моментално на пазарот во Скопје работат уште две платформи за нарачка и достава на храна, а тоа се „Wolt“ и „Korpa“.