Ретки "сини змејови" ги затвораат плажите на Медитеранот: „Изгледаат безопасно, но…“

Точка

01/09/2025

21:31

1.740

Големина на фонт

а а а

Неколку плажи во Шпанија привремено се затворени откако морето на брегот исфрли ретки и отровни морски полжави познати како „сини змејови“.

Овие мали суштества, понекогаш нарекувани и „морски ангели“, се долги едвај три сантиметри и многу ретко се среќаваат во Медитеранот.

Иако изгледаат привлечно, експертите предупредуваат дека не треба да се допираат. Сините змејови се хранат со други отровни суштества, а нивните клетки ги складираат во сопственото тело. Контакт со нив може да предизвика болка, воспаление, мачнина, повраќање или алергиска реакција слична на убод од медуза, пренесува „ScienceAlert“, а наведува „danas.rs“.

Seguimos recibiendo Dragones Azules en las Playas de Guardamar, cada vez con mayor frecuencia y número. BANDERA ROJA 🚩 y...

Posted by José Luis Sáez on Saturday 23 August 2025


Поради опасноста за капачите, градоначалникот на Гуардамар дел Сегура, Хосе Луис Саез, подигна црвено знаме и привремено забрани капење. „Сè уште се појавуваат на плажата, сè почесто и во поголем број“, објави Саез на социјалните мрежи.

Локалната полиција дополнително ги предупреди граѓаните да не ги допираат единките пронајдени на песокот, бидејќи нивниот допир може да предизвика болни изгореници.