[ВИДЕО] Што е Сода поп денс со кој Ѓоковиќ ѝ го честиташе роденденот на ќерка му: Ја прослави победата и изведе танц што децата го обожаваат

Точка

05/09/2025

16:07

2.100

Големина на фонт

а а а

Новак Ѓоковиќ го победи Тејлор Фриц во битката за полуфиналето на УС Опен.

Бидејќи натпреварот се совпадна со осмиот роденден на неговата ќерка Тара, познатиот тенисер ѝ ја посвети победата и изведе Сода поп танц во нејзина чест.


По натпреварот Србинот проговори за сода поп танцот, а еве што всушност подразбира тој.

„Сода Поп“ е песна од анимираниот музички филм на „Netflix/Sony Pictures“, „KPop Demon Hunters“, кој ја спојува К-поп културата со фантазијата. Децата од целиот свет го обожаваат.

Филмот следи група девојки од успешен К-поп бенд кои, покрај музиката и настапите, тајно се борат против демони со цел да го спасат светот.

К-поп, скратено од „korean pop“ (корејски поп) е музички жанр што доаѓа од Јужна Кореја и комбинира различни стилови, вклучувајќи: хип-хоп, R&B, електронска и денс музика, придружен со посебни визуелни елементи и прецизно дефинирана танцова кореографија.

К-поп групите станаа глобален феномен, а за некој да може да се занимава со овој популарниот жанр, мора неколку години да вежба пеење, танцување и јавни настапи.

Песната „Сода поп“ во филмот ја изведува „demon – boy“ бендот „Saja Boys“, кој е фиктивна машка к-поп група од демони кои, со помош на музика и танц, ја заведуваат публиката и „се хранат“ со нивната енергија. Песната е заразен хит и двосмислена е бидејќи ја открива вистинската слика зад споменатиот бенд.

Најпознатиот дел од танцот е движењето со рамената, карактеристичен, „bubblegum K-pop“ потег што е асоцијација на името на самата песна „Сода Поп“. Секој што ќе се впушти во оваа кореографија треба да обрне внимание на динамиката на движењата на рацете и потезите помеѓу главните движења.

Составен дел е карактеристично движење на раката кое имитира пиење сок, а кое Новак го демонстрираше на теренот. Како што нагласи, неговата ќерка Тара го научила како да го изведе танцот.