[ВИДЕО] Искусен сурфер убиен од ајкула пред очите на пријателите

Макфакс

06/09/2025

13:40

1.467

Големина на фонт

а а а

57-годишен искусен сурфер натрагично загина во напад од ајкула на Лонг Риф, северните плажи во Сиднеј, околу 10 часот наутро во саботата.

Според полицискиот инспектор на Нов Јужен Велс, Стјуарт Томсон, сурферот бил во вода само половина час и на околу 100 метри од брегот кога ајкулата го нападнала.

„Претрпе катастрофални повреди, вклучително и губење на неколку екстремитети“, изјави Томсон.

Пријателите на жртвата успеале да се вратат на брегот, а телото на сурферот било пронајдено кратко време подоцна како плови во брановите. Обидите да му се спаси животот биле неуспешни.

„Утре е Денот на татковците, што ја прави оваа трагедија уште поболна. Нашите мисли се со неговото семејство“, додаде Томсон, посочувајќи дека починатиот оставил сопруга и мала ќерка.


Истрага и потрага по ајкули

Даската за сурфање на жртвата беше пресечена на половина, а парчињата ќе бидат анализирани за да се утврди видот на ајкулата. Голем број сведоци, вклучувајќи ги пријателите на жртвата, потврдиле дека нападот го извршила ајкула.

„Тоа е ужасна работа и еден од оние ретки, несреќни инциденти“, изјави Томсон.

Полициски чамци, џет-скии и хеликоптерот за спасување „Вестпак Лајфсавер“ се вклучени во потрагата по ајкулата. Сите плажи од Менли до Нарабин се затворени до понатамошно известување. Според службата за спасување, плажата Ди Вај ќе остане затворена веројатно три дена, а другите плажи најмалку 24 часа.