Пешиќ го издвои клучниот кошаркарски елемент кој пресуди во сензационалниот пораз од Финска

Дерби

07/09/2025

10:19

1.204

Големина на фонт

а а а

Светислав Пешиќ дефинитивно ќе понесе голем дел од одговорноста за големото разочарување на Србија на Евробаскетот, турнир кој вчеравечер заврши за првиот фаворит на ова натпреварување.

Повредата на капитенот Богдан Богдановиќ означи старт на проблемите за светскиот вицешампион, поразот од Турција беше сериозно предупредување, но овој вториот од Финска ги исфрли од Европското првенство и ги испрати дома многу порано од очекуваното.

Поразот од Финска со резултат 92:86 беше апсолутно заслужен, а според Светислав Пешиќ, клучен фактор бил офанзивниот скок на противничкиот тим.


– Честитки за Финска, одиграа извонреден меч и заслужија да победат. Знаевме каков тим е Финска, знаевме како играат и со каква енергија влегуваат на теренот. Офанзивниот скок им беше најдобар на турнирот, а и вечерва добија 20 офанзивни скокови, наспроти нашите 9. Не најдовме решение за нивниот офанзивен скок и тоа беше клучен момент. Финска имаше само 31 процент погоден шут, но даде 92 поени. Тоа доволно говори колку им беше важен офанзивниот скок.

– Неколку наши играчи играа со повреди и тоа се виде на теренот. Не е тоа некое оправдување, но кога играте со тим како Финска, мора да бидеме во подобра физичка состојба. Играчите дадоа се што имаат, сигурно дека може и подобро, но мора да се помириме со поразот. Сите гледаа на нас како на апсолутни фаворити, а во такви ситуации, противниците нема што да загубат и играат без притисок. Сите се прашуваат како може Србија да изгуби од Финска, но во спортот се случуваат и такви работи, – изјави Пешиќ.