Ферстапен доминантно до првото место, Пјастри му го препушти второто место на Норис во Монца

Дерби

07/09/2025

17:25

576

Големина на фонт

а а а

Макс Ферстапен победи на Формула 1 трката на Монца, оставајќи го зад себе сезонава доминантниот тандем на Мекларен, кој овојпат мораше да се задоволи само со место на победничкиот подиум.

Ферстапен уште во квалификациите покажа дека е повеќе конкурентен на италијанско тло, а денеска ја доби битката со Ландо Норис и Оскар Пјастри, кои ја завршија трката на второто и третото место.

Иако Пјастри беше пред својот тимски колега во финишот, доби тимска наредба да го пропушти Норис на второто место, што на крајот и се случи.

Ферари посакуваше успех пред своите фанови, но на крајот морапе да се задоволи со четвртото и шестото место на Шарл Леклер и Луис Хамилтон.

Џорџ Расел на Мерцедес ги оддели возачите на италијанскиот тим, а зад Хамилтон во бодови се најдоа Албон, Бортолето, Антонели и Хаџар.