Македонскиот артист Роберт Спасенцовски, попознат како Џокер, излезе со ново музичко парче насловено „После 12“, кое веќе привлекува внимание со својата интимна атмосфера и силна продукција.
Во целост напишана, компонирана и продуцирана од RSpasencovski, песната го носи неговиот препознатлив звук, каде електронските елементи суптилно се мешаат со модерниот баладски пристап.
Џокер потпишува сѐ – од музиката, текстот, аранжманот, миксот и мастерингот, што уште еднаш ја потврдува неговата мултиталентираност.
Иако релативно нов на домашната поп сцена, Џокер веќе успева да се наметне како креативен и посветен автор, кој внимателно гради свој уникатен музички израз.
Со секој нов проект, тој покажува дека не се стреми кон трендови, туку кон искрено и автентично раскажување преку музика, оставајќи препознатлив печат и личен белег во секоја нота.
Со „После 12“, Џокер продолжува храбро да чекори по сопствена музичка патека – соработка, искреност и емоција, ставени во служба на звукот што допира.
Автор: Ц.Н.