„Седиме Џек Николсон и јас, а потоа се појави Путин...“: Шон Пен откри детали од разговорот со рускиот претседател во кој се почувствувал измамено

Точка

13/09/2025

18:30

1.107

Големина на фонт

а а а

Шон Пен се присетил на еден невообичаен момент од минатото кога седел со рускиот претседател Владимир Путин, признавајќи дека после сѐ се почувствувал – измамен.

Гостувајќи во емисијата „Jimmy Kimmel Live“ на 11 септември, актерот реагирал на стара фотографија на која, освен него и Путин се наоѓа и легендарниот Џек Николсон.


На фотографијата тие тројца седат на иста маса, опкружени со бројни функционери, а Кимел се пошегувал дека изгледа како сцена во која Путин се подготвува да го отруе актерот.

Пен веднаш го разјаснил контекстот, раскажувајќи дека сѐ се случило во 2001 година на Меѓународниот филмски фестивал во Москва каде пристигнал со Николсон за да промовираат филм.

Потоа заедно завршиле на вечера, а како што вели Пен, неочекувано и Путин се појавил на вечерата.

Разговорот со рускиот претседател холивудскиот актер го водел со преведувач, но Пен е убеден дека рускиот лидер „знае и разбира англиски многу повеќе отколку што го покажувал тоа“.

Главната тема за која тогаш разговарале било татковството. Имено, Пен тогаш веќе имал две деца, Дилан и Хопер кои ги дели со поранешната сопруга Робин Врајт, додека пак Путин, според неофицијални информации, има две ќерки.


Атмосферата на масата, Пен ја опишал како филмска – 20-на луѓе седеле на масата, но сите ги слушале исклучиво Николсон и Путин. Исто така додал и дека не е целосно сигурен дека Путин бил негов обожавател, но без сомнеж покажал колку му се восхитува на Џек Николсон.

Без оглед на напнатата и мистична атмосфера, Пен денес на тој момент гледа со чувство на горчина: „На крај сфатив дека всушност ме измами“.