[ФОТО/ВИДЕО] Снимка поради која луѓето се убедени дека Доналд Трамп имал мозочен удар: Се свртел кон Меланија, а нејзиниот поглед кажал сè

Точка

15/09/2025

18:49

768

Големина на фонт

а а а

На социјалните мрежи се прошири снимка од Доналд Трамп и неговата сопруга Меланија Трамп за време на посетата на споменикот подигнат во спомен на нападите од 11 септември.

На снимката може да се види како еден дел од лицето на Трамп значително „паѓа“ и како лекум посегнува по раката на сопругата. Кога Меланија се свртела кон него, на нејзиното лице се појавил видливо загрижен поглед.

Американската јавност веднаш се загрижи поради „опуштеното“ лице на претседателот, што би можело да сугерира мозочен удар.

Адам Кокран, политички консултант и независен истражувачки новинар, објави снимка од претседателот и напиша: „Во кој момент ќе откриеме дека претседателот имал мозочен удар?“

„Тој е во лоша здравствена состојба и додека им оддава почит на оние што ги загубија животите на 11 септември, едвај ја контролира десната страна од лицето“, напиша Кокран.

Бен Мејселас од поткастот „MeidasTouch“ се согласи, велејќи дека Трамп „изгледал апсолутно ужасно додека присуствувал на церемонијата на 11 септември во Пентагон“ бидејќи неговото лице „беше многу овенато“ и „изгледал збунето, како дури и да не знаел каде се наоѓа“.

Официјалната канцеларија на претседателот на САД не ги коментираше овие тврдења, а во продолжение вообичаените симптоми што укажуваат на мозочен удар:

Лице: ненадејна асиметрија, спуштање на едната страна од лицето, насмевката изгледа „криво“.

Рака: слабост или вкочанетост на едната рака или нога, лицето не може подеднакво да ги крене двете раце.

Говор: тежок говор, неразбирлив говор, лицето не може да повтори едноставна реченица.

Време: секоја минута е важна – потребно е веднаш да се повика брза помош.


Дополнителни симптоми:

Ненадејно губење на видот или заматен вид (на едното или на двете очи).

Силна, ненадејна главоболка без очигледна причина.

Губење на рамнотежа, вртоглавица, тешкотии при одење.

Вкочанетост или слабост на лицето, раката или ногата – особено на едната страна од телото.