Арсенал без капитенот во Шпанија

Макфакс

16/09/2025

10:28

110

Големина на фонт

а а а

Капитенот на Арсенал, Мартин Одегард, ќе го пропушти претстојниот натпревар против Атлетик Билбао во првото коло од Лигата на шампионите поради повреда.

Тренерот на Арсенал, Микел Артета, потврди дека Едегор не е со тимот во Шпанија, откако се повреди во саботата на натпреварот против Нотингем Форест (3:0) во Премиер лигата.

„Габриел Жезус, Каи Хаверц, Бен Вајт и Мартин Одегард се отсутни, за жал“, рече Артета, за „Скај Спортс“.

Одегард го напушти натпреварот во 17-та минута откако падна на десното рамо по дуелот со Морган Гибс-Вајт.

Ни Одегард ниту Букајо Сака, кој има проблеми со повреда на тетивата, не тренираа со тимот пред мечот во Билбао.

Сака се повреди против Лидс на 23 август и ги пропушти последните два натпревари, а Артета рече дека нема информации за враќањето на англискиот репрезентативец во составот.

„Мислам дека сè уште има многу работи што треба да се поминат. Прерано е да се знае за кој натпревар ќе биде достапен, но сигурно ќе се обиде да го направи што е можно поскоро“, додаде шпанскиот тренер.

Дефанзивецот на Арсенал, Вилијам Салиба, кој го пропушти натпреварот против Форест, тренираше со соиграчите. денес.

Натпреварот од првото коло на Лигата на шампионите помеѓу Арсенал и Атлетик ќе се игра вечерва во 18:45 часот во Билбао.