Бекер: Новак, зошто играш? Не можеш да ја освоиш 25-та Гренд Слем титула

Макфакс

15/09/2025

14:23

304

Големина на фонт

а а а

Легендарниот германски тенисер Борис Бекер и поранешен тренер на Новак Ѓоковиќ, се сомнева дека Србинот некогаш ќе стигне до 25-та Гренд слем титула.

Бекер гостуваше во поткастот, кој го води со Андреа Петковиќ, меѓудругото рече дека 2026 година вероајтно ќе биде последна во кариерата на Ѓоковиќ.

„Тој игра против Синнер или Алкараз и не знае колку долго ќе трае неговата кариера на Гренд слем турнирите. Ова е прв пат отворено да зборуваме за 2026 година како негова последна кога станува збор за четирите најголеми турнири“, рече Бекер, додавајќи:

„Тој спомена дека сè уште може да се натпреварува со најдобрите, тоа е вистина, но зошто сè уште игра тенис? Да ги освои Рим и Монте Карло или 25-та титула на Гренд слем? Мислам дека е второто. Верувам дека не може да го постигне тоа, со оглед на возраста и силата на помладите играчи.“

Во 2025 година, Ѓоковиќ играше во полуфиналето на сите четири Гренд слем турнири, но не успеа да се бори против водечкиот дуо на светскиот тенис.

Тој ја освои 100-та титула во кариерата (турнирот во Женева) и со тоа стана првиот играч кој кренал барем еден трофеј 20 години по ред.