[ФОТО] Преживеаниот гитарист на ДНК со трогателна порака: „Таа вечер имаше посебна енергија, како да чувствувавме дека е за последен пат“

Точка

16/09/2025

10:48

854

Големина на фонт

а а а

Денеска се навршуваат 6 месеци од кобната ноќ во Кочани, кога во пожарот во дискотеката „Пулс“ згаснаа 62 животи.

Болката не престанува и сè уште е огромна, а истата најсилно ја чувствуваат оние кои загубија блиски луѓе во оваа страшна трагедија. Еден од нив е Горан Тонев, гитаристот на ДНК кој два месеци се лекуваше во болница во Солун.

Тој со многу емоции се присети на пријателите и колеги кои ги загуби таа ноќ, објавувајќи фотографии на Инстаграм со трогателна порака посветена на сите нив.


„Поминаа 6 месеци од ноќта која што на сите ни ги промени животите... Уживавме да ја делиме сцената, насмеани и ведри како и секој наш настап, но таа вечер имаше посебна енергија како да чувствувавме дека е за последен пат.

Не требаше да биде вака колеги мои... Засекогаш ќе ве носам во моето срце! Почивајте во мир“, напиша Горан.