[ВИДЕО] Пред 4 месеци започна врска со НФЛ ѕвездата, а сега е бремена по четврти пат: „Се чувствувам како да сум на вистинското место“

Точка

17/09/2025

17:02

822

Големина на фонт

а а а

Стигнуваат убави вести за фановите на Карди Би – пејачката е бремена и го очекува своето прво дете со партнерот Стефон Дигс, откри таа за „CBS Mornings“.

Инаку, Карди Би од бракот со раперот Офсет веќе има три деца, но изгледа дека нејзиното мало семејство ќе стане побогато за уште еден член, бидејќи го очекува своето четврто дете (прво со нејзиниот сегашен партнер, НФЛ ѕвездата Стефон Дигс).

Убавите вести доаѓаат, како што пишува „E! News“, четири месеци откако е во врска со Дигс.

Карди изјавила дека се чувствува „возбудено“ и „среќно“.

„Се чувствувам како да сум на вистинското место. Знаете, се чувствувам силно затоа што работам на мојот нов албум, додека во мене расте едно суштество. Јас и мојот маж – заедно, си даваме поддршка еден на друг“, изјавила раперката за „CBS Mornings“.

Да потсетиме, Карди Би и Офсет се венчаа во 2017 година, а првпат се разведоа во 2020. Потоа се смирија, а вториот и конечен развод го отпочна во 2024 година.

Пред некое време таа проговори и за емотивната исцрпеност и менталниот стрес што го чувствувала во бракот. Карди Би изјави дека била уморна, ментално исцрпена, немала апетит, имала постојани главоболки и се чувствувала како да го губи разумот. Додала дека му давала шанса по шанса, одново и одново и тврди дека тоа било толку интензивно што верувала дека ќе „заврши во затвор“ ако останеле заедно бидејќи, како што вели, „буквално ќе го убиела со свои раце“.