Вчера во 19:30 часот на Граничен премин Табановце, полициски службеници ги лишија од слобода К.С.Г.(40) и Ј.С.(32), двајцата од Сојузна Република Германија.
Претходно, при гранични проверки извршени се и контроли во нивните возила, при што во возилото кампер „фиат капрон“ со швајцарски национлани ознаки, кое го управувал К.С.Г., пронајдени и одземени се марихуана, 36 таблети, 189 капсули и дробилка.
Додека, во возилото „фолксваген туран“ со германски национални ознаки, кое го управувал Ј.С., пронајдена и одземена е марихуана.
Двајцата се спроведени и задржани во СВР Куманово и по целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.