Кинескиот министер за одбрана вети поголеми напори за зачувување на светскиот мир

Макфакс

18/09/2025

10:49

132

Големина на фонт

а а а

Кинескиот министер за одбрана Донг Џун денес на форумот Џијангшан што се одржува во Пекинг објави дека земјата ќе вложи поголеми напори за зачувување на светскиот мир.

„Во време полно со предизвици, соработката е најдобриот избор“, рече Донг на форумот, пренесува Синхуа.

Тој рече дека кинеската армија е подготвена да соработува со сите страни со цел да се зачува безбедноста со конкретни акции, да се подобри меѓусебната воена доверба и да се зајакне мултилатералната координација, пренесува Танјуг.

Донг рече дека кинеската војска е подготвена да соработува со сите страни во одбраната на суверената еднаквост, зачувувањето на повоениот меѓународен поредок, зајакнувањето на мултилатерализмот, заштитата на заедничките интереси и заедничкото унапредување на реформите за подобрување на глобалниот систем на управување.

Форумот „Одржување на меѓународниот поредок и промоција на мирен развој“ собира повеќе од 1.800 официјални претставници, научници и набљудувачи од повеќе од 100 земји, региони и меѓународни организации, а се одржува во Пекинг од 17 до 19 септември.