"Meta" претстави нова линија паметни очила: Камера, микрофони и "AI" асистент во модерна рамка

Точка

18/09/2025

13:52

254

Големина на фонт

а а а

Американската компанија „Meta“ денес ја започна својата дводневна годишна конференција "Connect 2025", на која фокусот е ставен на паметните очила од новата генерација, меѓу кои и моделот „Hypernova“.

Станува збор за технологија интегрирана во рамката на „Ray-Ban“ очила, опремени со дисплеј, камери, микрофони и асистент базиран на вештачка интелигенција.

На отворањето на конференцијата во Менло Парк се обрати и извршниот директор на „Meta“, Марк Закерберг, пренесе „Tech Crunch“.


„Meta“ досега има продадено милиони „Ray-Ban“ паметни очила, а претходно годинава го претстави и спортскиот модел развиен во соработка со компанијата „Oakley“. На настанот беше прикажан и новиот модел „Spheara“, наменет за тркачи и велосипедисти, со камера поставена во центарот на рамката.


Компанијата планира со помош на вештачката интелигенција да ги поврзе очилата, четботовите и дигиталните асистенти, а најавува и новини во работата на амбициозниот истражувачки оддел "MSL", кој развива таканаречена суперинтелигенција.