Philips телевизори – сега со 5 години гаранција за врвно ТВ уживање

Точка

18/09/2025

12:57

256

Големина на фонт

а а а

PHILIPS ја претставува специјалната промоција „2+3 години гаранција“, со која сите PHILIPS Ambilight телевизори од најновата генерација доаѓаат со продолжена гаранција.

Во периодот од 1 септември до 31 октомври 2025 година, секој купувач на избрани модели PHILIPS Ambilight телевизори добива вкупно 5 години гаранција – стандардните 2 години плус дополнителни 3 години. За да ја активирате дополнителната гаранција, потребно е уредот да се регистрира во рок од 30 дена од купувањето на сајтот www.tvpromotion.eu/mk

Што е толку посебно кај PHILIPS Ambilight TV?

Philips Ambilight TV е телевизор со „уметничка душа“. На задниот дел од уредот има LED светла што ја следат содржината на екранот и ја проектираат бојата надвор од рамката – директно на ѕидот зад телевизорот. Сцените не завршуваат на екранот – напротив, продолжуваат околу тебе. Тоа значи подинамично гледање, побогати бои, помал замор на очите и чувство дека си дел од сè што се случува.

Гледањето станува доживување

Секоја содржина добива свој карактер. Филмовите изгледаат покинематографски, игрите повозбудливи, а музиката што ја пушташ преку ТВ создава атмосфера која те опкружува. Ambilight не реагира само на сликата, туку и на звукот – па ако пуштиш нешто брзо, светлото пулсира со ритамот, а ако гледаш нешто тивко, светлината се смирува. И сето тоа изгледа толку природно, што по кратко време ќе почнеш да се прашуваш како воопшто си гледал телевизија без ова.


Дизајн што ќе го сакаш и кога не е вклучен

Освен што е паметен и визуелно моќен, Philips Ambilight TV изгледа и одлично. Неговиот модерен, минималистички дизајн лесно се вклопува во секој ентериер. И кога е исклучен, изгледа како парче технологија што му припаѓа на иднината. А кога ќе го вклучиш – добиваш уметност во движење.

Подготвен за сè што следи

Ambilight не е само убав. Тој е и моќен одвнатре. Доаѓа со најнови технологии – од OLED и QD MiniLED панели до интелигентен процесор што автоматски ја прилагодува сликата за максимално уживање. Работи беспрекорно со Google TV или Titan OS, поддржува Dolby Atmos, AirPlay, Cast… сè што ти треба, тука е.

Philips Ambilight TV не е тренд. Тоа е нов стандард. Штом еднаш го доживееш, нема враќање назад! А сега, со продолжената гаранција од 2+3 години, добивате уште поголема сигурност и мир, знаејќи дека вашата инвестиција е целосно заштитена.

Промоцијата важи до 31.10.2025 за одредени Philips Ambilight модели (или до исцрпување на залихите).

Philips Ambilight телевизорите се достапни во сите добро опремени продажни места низ Македонија.

Комерцијален текст