Таа е една од најубавите Македонки, жена која знае како се ужива во животот и секогаш „сервира“ модни комбинации кои се навистина за восхит.
Македонската манекенка и модел Катарина Ивановска, деновиве ужива во Италија, односно во магичната Тоскана. Таа на својот Инстаграм профил објави низа фотографии и симпатични видеа кои ги откриваат сите убавини на неверојатната Италија, од природа до храна – чист хедонизам.
Покрај убавините на земјата во којашто престојува не можеме да не го забележиме ниту модниот вкус на Ивановска којшто е навистина за пофалба.
Изборот на нејзините модни комбинации некако се вклопува во целата магија на Италија, а со оглед на тоа што посетила и учествувала на многу модни ревии низ светот, не постои сомнеж дека нејзините модни избори се за чиста 10-ка.
Од објавените фотографии на Инстаграм можеме и ние да „ѕирнеме“’ во прекрасната винарија „Marchesi Antinori“ и историскиот замок „Castello di Verrazzano“ каде манекенката уживала во пробување на врвните вина и гастрономски магии.
Под објавените фотографии Катарина доби многубројни коментари од своите фанови кои како и секогаш се воодушевени од нејзината природна и незаменлива убавина.