Член на управниот на „BMW“ без задршка: „Стандардните мотори никогаш нема да исчезнат, никогаш“

Точка

19/09/2025

13:16

401

Големина на фонт

а а а

Членот на управниот одбор на бавараскиот производител, Јохен Голер, недвосмислено порача дека верува оти класичните и електричните погонски системи ќе коегзистираат уште долго време.

И покрај глобалниот тренд на електрификација и милијардите вложени во развој на електрични возила, од „BMW“ доаѓа јасна порака – мотори со внатрешно согорување (ICE) ќе останат дел од иднината.


Членот на управниот одбор на бавараскиот производител, Јохен Голер, недвосмислено порача дека верува оти класичните и електричните погонски системи ќе коегзистираат уште долго време.


Изјавата на Голер одекна во светот на автомобилите: „Стандардните мотори никогаш нема да исчезнат. Никогаш“. Со ова ја потврди стратегијата на компанијата која, и покрај големите инвестиции во новата генерација електрични модели, не планира да се откаже од развојот и производството на бензинци и дизел мотори.


Безбедноста и нови модели

Додека „BMW“ гледа кон иднината на погонските системи, другите производители се соочуваат со актуелни предизвици. „Tesla“ под притисок на јавноста и безбедносните агенции започна со редизајн на кваките на вратите поради загриженост дека патниците во случај на несреќа може да останат заробени во возилото.