"Volkswagen" тестира револуционерна технологија!

Точка

20/09/2025

11:31

353

Големина на фонт

а а а

Мотоцикли и батерии? Ова решение нема да им се допадне на сите.

Електричната технологија сè уште не успеа да остави посериозен белег во светот на мотоциклите, но тоа не ја спречува групацијата „Volkswagen“ да ја тестира батериската технологија и кај возилата на две тркала.

„Ducati“, како што е познато, е во сопственост на „VW Group“, а токму „Ducati“ беше единствениот снабдувач на мотоцикли за Светското првенство „MotoE“. Акцентот е на „беше“, бидејќи ова првенство годинава беше згаснато.


Во Германија беше претставена обновена верзија на прототипот "V21L" на „Ducati“, кој сега е опремен со 980 "QSE-5" ќелии од компанијата „QuantumScape“, пренесува „Revijahak“.

Овие ќелии користат литиум-метална анода и керамички сепаратор, ветувајќи значајни подобрувања во густината на енергијата, можностите за брзо полнење и безбедноста во споредба со традиционалните литиум-јонски батерии.

Целта е оваа технологија да се тестира и еден ден да се започне со сериско производство.


Врската меѓу „VW“ и „QuantumScape“ трае веќе цела деценија, но сè уште се чекаат посериозни вести во поглед на батериите со цврст електролит. Како, меѓу другото, и кај многу други производители.

Сите нешто ветуваат, но никако да влезат во сериско производство …