[ФОТО] Кајли Џенер го покажа бујното деколте во долна облека: Реалити ѕвездата ги „запали“ социјалните мрежи

Супермен

03/10/2025

15:32

1.376

Големина на фонт

а а а

Американската реалити ѕвезда Кајли Џенер ги „запали“ социјалните мрежи откако позираше во долна облека и измами воздишки од бројни следбеници.

Таа позирала додека се подготвувала за Модната недела во Париз, а во описот навела: „Најдобриот ден досега во Париз“. Косата ѝ била собрана во ниска пунџа, а се одлучи за едноставна шминка.


За модната ревија носела едноставен slip фустан налик на ноќница, кој е вистински моден хит оваа есен. Воодушевените фанови ѝ упатија бројни комплименти за изгледот.

„Какво тело“, „Ми го разубави денот“, „Не гледам прстен на твојата рака. Дали сакаш да го смениме тоа?“, „Совршенство“, се само дел од коментарите.


Кајли од 2023 година е во врска со актерот Тимоти Шаламе. Тогаш беа снимени како напуштаат една изложба во Санта Моника. Извор за „Entertainment Tonight“ во април оваа година изјави:

„Среќни се со тоа каде се наоѓаат во врската и фокусирани се да поминуваат што е можно повеќе време заедно. Не си вршат притисок еден на друг и на својата врска. Сè оди навистина добро и можам да замислам дека еден ден ќе ја подигнат врската на повисоко ниво“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk