Се има, се може: Во оваа земја најпродаван автомобил е - „Porsche“

Супермен

03/10/2025

21:31

2.138

Големина на фонт

а а а

Пазарот на луксузни и спортски автомобили во оваа микродржава има посебна динамика, каква што ретко се гледа во остатокот од Европа.

„Porsche 911“ е најпродаваниот нов автомобил во Кнежевството Андора минатата година, што јасно го покажува извонредното богатство на оваа мала земја во срцето на Пиринеите, помеѓу Франција и Шпанија.

На територија од само 468 квадратни километри и со население од околу 82.000 жители, „Porsche“ успеа да продаде дури 83 примероци од легендарната серија 911.


Спортскиот модел „Toyota GR Yaris“ го зазеде второто место, додека „Porsche Cayenne“ и „Macan“ исто така се најдоа меѓу четирите најпродавани модели, според „Car Industry Analysis“.

Овие податоци потврдуваат дека пазарот на луксузни и спортски автомобили во оваа микродржава има посебна динамика, што ретко се гледа во остатокот од Европа.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk