Манекенката и ријалити ѕвезда, Брукс Нејдер, била забележана во Италија, во придружба на нејзината сестра и неколку пријатели. На новите фотографии, таа изгледа прекрасно во металик бикини додека лудо се забавувала на јахтата. Фотографиите беа објавени оваа недела, а Брукс е прикажана на јахта во близина на Позитано.
Во текот на денот, таа била фотографирана како ужива во чаша шампањ поминувајќи време со пријателите и семејството, вклучувајќи ги и нејзините сестри Сара Џејн и Мери Холанд, пренесе „ХОЛА“.
Во последните неколку месеци Брукс ужива во летото во Европа, а нејзините патувања привлекоа големо внимание. Претходно месецов, таа била фотографирана како скока во морето топлес, а фотографиите неколку часа беа една од главните теми на социјалните мрежи.
Таа неодамна се осврна на виралноста на тие фотографии. Манекенката објави видео на својата Инстаграм приказна на кое повторно скокна во вода, но целосно облечена, во црн фустан и високи потпетици во иста боја.
„Дали сме задоволни сега?“ напиша таа во видеото.
Кога станува збор за нејзиниот нејзиниот љубовен живот досега имаше бројни шпекулации, па беше поврзувана со актери како Бен Афлек и Тарон Егертон.
„Никогаш во животот не сум го сретнала“, рече манекенката за нејзината наводна врска со Афлек.
Кога станува збор за Егертон, се чини дека двајцата имале краткотрајна романтична врска. Тие беа фотографирани како вечераат заедно во Калифорнија, а извор потоа откри дека поминуваат време заедно.

„Таа обожава да поминува време со него. Едноставно ужива во она што го имаат, но дефинитивно ѝ се допаѓа“, изјавил извор за „Пипл“.
Според новитр информации, Нејдер моментално е сингл.