Неколку седмици, една талентирана девојка била подготвена за нов почеток, пресреќна поради големата можност која ѝ се укажала, а потоа заѕвонил телефонот...
Женската група „Spice Girls“ која го одбележа крајот на 20 век, беше апсолутна сензација на 90-тите, а на нејзините членови животите им се смениле преку ноќ.
Најмногу профитирала Викторија Бекам, тогаш Адамс, која не била најдобра пејачка, но имала икс фактор којшто ја издвоил, како и голема амбиција.
Денес таа е успешна модна дизајнерка, зад себе има соло кариера, со децении е во брак со Дејвид Бекам, еден од најпосакуваните мажи на сите времиња, а многумина не знаат дека малку недостасувало на нејзино место во групата „Spice Girls“ да се најде некој друг.
Познато е дека во групата членувале две Мелании, Браун и Чиз, а од прва за член на групата била избрана и Мелани Колома.
Како настанала групата?
Групата била формирана благодарение на Боб и Крис Херберт, татко и син кои ја воделе компанијата „Heart Management“ и одлучиле по доминацијата на машките бендови, да основаат женска група. Организирале аудиции и ја започнале потрагата за пет талентирани девојки.
Mel Coloma reveals heartache after losing out on Spice Girls fame to Victoria Beckham - https://t.co/mXajy4vkeO pic.twitter.com/2MT7XorZKP
— Tawana Thornell (@TawanaThornell) August 14, 2016
Како што раскажала Колома пред неколку години во разговор за британските медиуми, се пријавила на аудицијата за новиот бенд составен од девојки каде била избрана меѓу повеќето кандидатки.
Откако ѝ кажале дека е примена, Мел неколку седмици била подготвена да почне со кариерата, но тогаш пристигнал повикот. Менаџерот ѝ кажал дека дошло до промена на планот и на нејзиното место во групата ќе влезе младата пејачка Викторија Адамс.
Како што ѝ објасниле, Мел едноставно пеела предобро, па менаџментот стравувал дека таа ќе ги засени останатите членови од групата. На крај избрани биле Мелани Браун, Мелани Чиз, Ема Бартон, Гери Халивел и Викторија Адамс.
„Мислам дека од тоа немаше ништо, со оглед на тоа што поминаа две години и за нив ништо не сум слушнала“, раскажала Мелани пред неколку години. „А, потоа ги видов на ТВ. Тоа беше групата во која за малку ќе бев член“.
Познато е дека Викторија никогаш не се истакнувала по моќниот глас, а некогаш се случувало да ѝ го исклучат микрофонот на настапите во живо за да не ги уништи песните со својот глас.
Сепак, таа и по излегувањето од групата снимала песни сама, пред да се пренасочи на модата и да стане успешна креаторка.
„Во некој друг живот јас би била Викторија Бекам, би се венчала за фудбалер, би облекувала скапа облека и со авион би го патувала целиот свет. Немав поим колку малку недостасуваше да бидам во најголемиот женски бенд на сите времиња. Наместо тоа работам во јавна служба за здравствена заштита. Со текот на времето сфатив дека треба да го прифатам тоа што ги избраа нив поради изгледот, а не поради гласот“, рекла Мелани.