[ВИДЕО] Ивона Јо пред „Полиграф“ - искрена за бракот, љубовта и животот по загубата на татко ѝ: „Дел од фамилијата не ми зборува зошто сум кажала 'да' пред да помине 1 година од смртта на тато“

Точка

18/08/2026

10:44

287

Големина на фонт

а а а

Пејачката Ивона Јо отсекогаш важела за една од оние јавни личности кои не се плашат да ја покажат и својата ранлива страна. Наместо да ја прикажува само убавата страна од животот, таа низ годините отворено зборуваше и за периодите кога не ѝ било лесно – за булингот со кој се соочувала додека растела, за несигурностите, борбата со сопствената слика и анксиозноста, но и за моментите кои ја промениле засекогаш.

Токму затоа и нејзиното најново гостување во „Полиграф“ кај Стефонатор привлече внимание. Ивона повторно беше онаа своја – директна, искрена и без обид да ги разубави работите, па пред камерите проговори за повеќе сегменти од својот приватен живот, меѓу кои и љубовта, бракот со Кристијан, но и тешката загуба на нејзиниот татко.

Една од темите кои природно го привлече вниманието беше нејзината љубовна приказна со Кристијан Тодоров. Ивона и Кристијан не поминале години во врска пред да донесат голема одлука – напротив, нивната приказна се одвиваше прилично брзо. Тие првпат ја објавија врската на почетокот на 2026 година, а набргу потоа следуваше и запросувањето. Само еден месец подоцна, двајцата стапија во брак.

За многумина можеби тоа би звучело пребрзо, но Ивона и претходно објасни дека кај Кристијан почувствувала нешто што не можела рационално да го објасни. Како што самата кажала, порано не верувала во приказните дека некој „од самиот старт“ знае дека тоа е вистинската личност, но со него токму тоа ѝ се случило.

Дел од интимните прашања проследете ги во продолжение:

❓„Во едно интервју кажа дека никогаш не би правела свадба и парите би ги вложила во патување, а годинава сепак ќе направиш свадба. Дали ќе ја правиш за да му докажеш на народот дека навистина си заљубена?“, прашува Стефонатор.

✨„Не. Постоеше време кога татко ми беше жив, кога велеше: ‘Што сакаш прави, јас ќе ти дадам пари, само јас не сакам свадба’ и јас као, океј, ќе ти ја испоштувам одлуката, а и ја некако не бев во фазон.


Сега, кога ќе најдеш човек со кој сакаш сè, а не можеш да ги собереш сите луѓе на едно место, а тоа да не се вика ‘свадба’ - зошто да правам 120 собиранки? Едноставно, ќе направиме свадба и ќе уживаме, а потоа ќе идеме на патување.

Желбата за патување никогаш не се изгубила, а желбата да споделам со 300-400 луѓе колку што ќе бидат на свадбата, моменти заедно, и да наздравам со нив, и да ги гушнам сите, ете, можеби е нова.

И единствено нешто за кое уште од сега се спремам е неговото отсуство и не знам тоа како ќе го преживеам тој ден, ама уште од сега работам, имам година дена да се спремам“, одговори Ивона.


❓„Дали некогаш се сомневаше дека сè отиде премногу брзо со Кристијан?“, ја прашува Стефонатор.

✨„Да, и ден-денес знам да кажам дека можеби е... Секогаш кога ќе се расправаме за нешто ново, знам да кажам: ‘Ова е затоа што ние сме...’, а нема врска.

Можеби, како што напишав на видеото каде што ме запроси, тоа беше најчесното ‘да’ во мојот живот.

Јас обично на такви одлуки знам да се испрашувам и себе и да размислувам со различни глави затоа што имам 10 жени во мене, и се испитуваме јас и моите 9 (ха, ха).

Ама, на тоа апсолутно кажав ‘да’ затоа што запознав човек каков што досега немам запознаено“, вели таа.

❓„Дали некои од твоите блиски ти кажаа дека мислат дека брзаш со бракот?“, ја прашува Стефонатор.


✨„Да. Дел од фамилијата сè уште не ми зборува затоа што сум кажала ‘да’ пред некои традиции, обичаи, пред година дена на тато и слично.

И ќе кажам гласно, јас не гледам никаква разлика. Напротив, како минуваат деновите, мене ми е сè потешко и појасно дека немам татко, ама, тие различно размислуваат, различно искуство имаат, се лутат и јас имав голем проблем со тоа.

Сега се учам да немам. И учам да им простам. Не сум им простила уште. Се надевам дека ќе пробаат да размислат од призма и од аспект на тато. Знаеја колку ме сака и колку сакаше да бидам среќна“, одговори таа.