Новото истражување тврди дека ова е најдобрата намирница која може да ја јадете после тренинг – ги намалува воспаленијата и подолго време ќе ве држи сити

Супермен

08/10/2025

09:36

1.148

Големина на фонт

а а а

Новото истражување сугерира дека грчкиот јогурт нуди корист која не го надминува само внесот на протеини туку има и неверојатни предности за телото после тренинг.

Во студија објавена во магазинот „Nutrients“, канадските истражувачи следеле тренинг на 30 здрави, млади возрасни мажи и ги анализирале нивните грицки после тренинг кои содржеле јаглехидрати.

Истражувачите откриле дека додавањето грчки јогурт во прехраната намалува одредени маркери за воспаленија подобро отколку самите јаглехидрати.


Студијата сугерира дека грчкиот јогурт после тренинг не само што го поддржува растот на мускулите туку може да помогне и во регулирање на воспаленијата.

Воспаленијата се нормална реакција после тренинг, кога мускулните влакна развиваат мали пукнатини. Тоа се јавува низ болка, вкочанетост и отекување.

Нутриционистката Бејтс изјавила дека грчкиот јогурт поради содржењето протеини претставува идеална ужина после тренинг.

„Протеинот е примарен нутриент за закрепнување од тренинг. Грчкиот јогурт е богат со аминокиселини кои се потребни за оптимална обнова и закрепнување на мускулите. Јаглехидратите можат да помогнат во замена на мускулниот гликоген“, навела таа.

За да ги искористите сите предности на ова јадење, треба да купувате обичен, незасладен грчки јогурт.

„Утврдено е дека полномасните верзии даваат поголемо чувство на ситост од нискомасните, што значи дека е помала веројатноста дека ќе грицкате меѓу оброци“, рекла Бејтс.


Освен тоа полномасните млечни производи имаат значително повеќе витамин К1 којшто е неопходен за здравјето на коските, срцето и забите. Поради тоа што витаминот К2 е витамин којшто се раствора во мастите, поголем дел од луѓето одлучуваат да користат високомасни производи.

Консумирањето висококвалитетни додатоци во исхраната како омега 3-масни киселини, куркумин и одредени витамини, како витаминот Д може да помогне во намалување на воспаленијата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk