Македониот ракомет остана без голем работник: Почина Илија Темелковски

Дерби

13/10/2025

14:28

719

Големина на фонт

а а а

Македонскиот спорт и ракомет од денеска е осиромашен за големиот работник Илија Темелковски кој почина во 72 година од животот.

Популарниот Ико беше човек кој целиот свој живот му го посвети на ракометот, човек кој му донесе големи успеси на македонскиот ракомет како селектор на сениорската, но и на младинската репрезентација.

Со него бевме 11. на Светското првенство во Хрватска, додека со младинската селекција го освоивме шестото место на мундијалот во Алжир во 2017 година, а претходно ги водеше младинците и до четвртото место на ЕП 2002.

Најголемата трага, стаж го имаше во Пролет, клуб во кој настапуваше како играч, а потоа во неколку наврати беше и тренер и остана дел до самата смрт, како дел од младинската школа.

Погребот е утре (14.10.2025) во 11:30 часот – Градски гробишта Бутел (капела).