[ФОТО] Заводливи погледи и нежни допири: Холивудскиот пар трет пат ќе ја обнови врската? Ова е вистината по интимните моменти на промоцијата на филмот

Точка

14/10/2025

08:38

1.038

Големина на фонт

а а а

По заводливите погледи и разменувањето нежни допири на промоцијата на филмот „Kiss of the Spider Woman“ повторно започнаа гласините за смирување на поранешните сопружници.

По заедничкото појавување на премиерата на филмот во Њујорк на 6 октомври, Џенифер Лопез и Бен Афлек предизвикале шпекулации за повторно обновување на љубовта. Сепак, извори блиски до парот тврдат дека ништо слично не им е во план.


Фокус на семејството и работата

„Џенифер се чувствува добро. Фокусирана е на она што ја прави среќна, семејството и работата“, рекол извор за „People“.

„Секогаш уживаше да работи со Бен, тоа не се смени“, додал изворот и напомнал:

„Нема обновување на романтичната врска со Бен. Тие момeнтално се на добро место. Продолжуваат да се поддржуваат еден со друг. И двајцата се горди на она што заедно го постигнаа“.


Крај на бракот по две години

Лопез и Афлек се запознале во 2002 година и набрзо потоа ја започнале љубовната врска, но веридбата ја раскинале во 2004 година. После тоа и двајцата започнале нови врски и основале семејство.

Џенифер беше во брак со Марк Ентони од 2004 до 2014 година и со него има близнаци, Макс и Ема. Бен беше во брак со Џенифер Гарнер од 2005 до 2018 година и имаат три деца: Вајлет, Серафина и Семјуела.


Парот ја обнови врската во 2021 година, а се венча на интимна церемонија во Лас Вегас во 2022 година. Еден месец подоцна организираа голема прослава во Џорџија со пријателите и семејствата.

Меѓутоа, две години подоцна одлучија да тргнат по своите патишта, наведувајќи ги ненадминливите разлики како причина за нивниот развод.


Заеднички проект и деловна соработка

Џенифер Лопез моментално се подготвува за промоцијата на мјузиклот, чиј извршен директор е Бен Афлек. Неговата продуцентска куќа „Artist Equity“ која ја основал заедно со Мет Дејмон, исто така е копродуцент на филмот.