Славниот актер проговорил за одлуката за развод од сопругата: „Бев несреќен, неурамнотежен и целосно изгубен“

Точка

14/10/2025

11:10

619

Големина на фонт

а а а

Бен Стилер и Кристин Тејлор објавија дека се разделуваат во 2017 година, по 17 години брак, што изненади многу од нивните обожаватели. Во заедничка изјава до медиумите тогаш порачаа:

„Со огромна љубов и почит еден кон друг, и по 18 години поминати заедно како пар, донесовме одлука да се разделиме“.

Нагласија дека нивен приоритет останува воспитувањето на нивните деца – ќерката Ела (23) и синот Квин (20), како посветени родители и најблиски пријатели.


Во редок и искрен момент, познатиот актер и режисер ја отворил душата за еден од најтешките периоди од својот живот – повеќегодишната разделеност од сопругата Кристин. Во својот нов, длабоко личен документарен филм „Stiller & Meara: Nothing is Lost“, кој премиерно беше прикажан на Филмскиот фестивал во Њујорк, Стилер признал дека се чувствувал целосно скршено додека приватниот живот му бил во хаос – и покрај тоа што кариерата му блескала.

„Кариерата ми одеше добро долго време, но работите во мојот приватен живот всушност не беа сјајни. Се чувствував неурамнотежено и несреќно, некако отсечен од своето семејство, од своите деца, и едноставно малку изгубено“, откри 59-годишниот актер во филмот, нудејќи досега невиден увид во својата интимност и борбите што ги водел далеку од светлата на рефлекторите.

Документарецот „Stiller & Meara: Nothing Is Lost“ започнува со прикажување во избрани киносали на 17 октомври, а од 24 октомври ќе биде достапен за стриминг на платформата Apple TV+.


Да потсетиме, Бен Стилер и Кристин Тејлор објавија дека се разделуваат во 2017 година, по 17 години брак, што ги шокираше нивните фанови.

Следеле речиси четири години во кои парот живеел одвоено, а Стилер подоцна призна дека тој период му овозможил да согледа што навистина значел нивниот однос, каков бил животот без неговата сопруга и колку всушност ја сакал нивната семејна заедница.

Клучниот момент кој го поттикнал на длабоко преиспитување се случил по смртта на неговиот татко, легендарниот комичар Џери Стилер, во 2020 година. Таа болна пресвртница го навела да размислува за снимање филм за своите родители – Џери Стилер и Ен Мира – кои не биле само успешен комичарски тандем, туку и брачен пар што останал заедно повеќе од 60 години.


„Почнав да размислувам за моите родители и за сите тензии и стресови што ги паметам од детството, за притисокот додека работеа заедно и за тоа како, и покрај сè, успеаја да останат заедно. Мислам дека на некој начин сакав да разберам како им успеа тоа“, објаснил Стилер, откривајќи дека во приказната на своите родители се обидувал да најде одговори за спас на сопствениот брак.