Трамп незадоволен од фотографијата на насловната страница на „Time“: „Најлоша на сите времиња, резултатот е супер лош“

Точка

15/10/2025

11:16

529

Големина на фонт

а а а

Американскиот претседател Доналд Трамп изрази незадоволство од насловната фотографија што ја објави магазинот „Time“. Тој дури изјави дека можеби станува збор за „најлоша фотографија на сите времиња“, иако потенцираше дека е задоволен од текстот.

Магазинот „Time“, во изданието од 10-ти ноември, покрај пофалбите за улогата на Трамп во посредувањето на примирјето во Газа, објави и фотографија од претседателот направена од долен агол, со сонцето зад неговата глава.


Резултатот, според него, е „супер лош“.

„Магазинот ‘Time’ напиша релативно добра сторија за мене, но фотографијата можеби е најлошата на сите времиња“, напиша Трамп на „Truth Social“.

Претседателот додал дека никогаш не сакал да биде фотографиран од долни агли. Трамп не ја криел својата желба да се појави на насловната страница на овој магазин, што се случи четири пати минатата година.


„Одговорот на прашањата на Трамп – што правеле уредниците на ‘Time’ и зошто – можеби се крие во креативното доловување на чувството на моќ“, вели Карли Ерл, уредничка за фотографија во „Guardian Australia“.

Според неа, фотографијата е технички добра и токму таа била одбрана за Трамп да изгледа херојски.

„Гледањето кон некого оддолу дава чувство на големина, а лицето на Трамп всушност изгледа контемплативно и речиси малку ангелски. Ретко се гледаат фотографии од Трамп во толку спокоен момент – фотографијата има некоја мекост. Никој не сака да биде фотографиран оддолу, и иако сите концептуални елементи на фотографијата се мошне силни, естетиката не е ласкава“, изјави таа.