Новата „ветена“ европска земја бара работници: Не ви е потребна диплома, а може да заработувате до 8.000 евра месечно

Точка

15/10/2025

14:09

5.281

Големина на фонт

а а а

Оваа алпска држава со само 39.000 жители и стапка на невработеност околу 2 отсто, отворила низа работни места со услови кои ги привлекуваат работниците од цела Европска унија.

Плати и до 8.000 евра месечно, а во одредени случаи се нуди и бесплатно сместување.

Според извештаите на порталите „AS.com“ и „EuropaExpress“, работодавците во Лихтенштајн активно вработуваат по пат на мрежата „EURES“, службена платформа на Европската унија за вработување.

Пријавите се отворени за граѓани од сите држави членки на ЕУ, а барани се професии од техничари и фризери до индустриски работници, негуватели и парови кои би работеле во домаќинствата.


Земја со високи плати и ниски даноци

Лихтенштајн е познат по исклучително високите животни стандарди. Просечната бруто плата изнесува околу 6.800 швајцарски франци (околу 7.150 евра), додека пак вработените во IT секторот, производството и финансии често заработуваат и над 10.000 франци месечно.

Според податоците, се нижат квалификувани работни места како домаќинки или работници во домовите за стари лица, а платата е меѓу 2.500 и 3.000 франци, но многу од работодавците нудат бесплатно или субвенционирано сместување, дополнително здравствено осигурување и платени обуки.

За менаџерски и специјалистички функции просечните плати се значајно повисоки:

Генерален директор – околу 15.000 евра

Директор на IT сектор – околу 13.000 евра

Лидер во кол-центар – околу 12.900 евра

Од друга страна, професиите во образованието и социјалните служби се со поскромни плати околу 2.000 евра, до 2.300 евра.


Кој може да се пријави

Работните места се отворени со предност на државјаните на ЕУ, но и за работници од земји кои имаат билатерални договори за мобилност со Швајцарија и Лихтенштајн.

Она што особено е привлечно е тоа што кандидатите не мора да имаат диплома, се цени работното искуство, практичните вештини и познавање на германскиот јазик којшто е службен во земјата.

Данокот е еден од најповолните во Европа:

Данок на добивка изнесува 12,5 отсто.

Данок на додадена вредност 8,1 отсто.