Кога Илон Маск во 2023 година најавил дека „Tesla“ годишно ќе продава меѓу 250.000 и 500.000 „Cybertruck“ автомобили, многумина верувале дека пред нас е ново поглавје во индустријата на електричните возила.
Маск тврдеше дека овој футуристички пикап ќе се продава „како алва“ со што компанијата ќе влезе во полн производствен ритам.
Две години подоцна реалноста е целосно поразлична. „Tesla“ не е ни близу до тие бројки, всушност во текот на цела 2025 година не биле продадени ни 20.000 возила.
Оваа пречка меѓу ветувањето и реалното влијание уште еднаш ја потврдува преголемата самодоверба на Маск и неспособноста да се исполни она што се ветува.
Си продава сам на себе за да ги спаси бројките
За да ги прикрие сопствените слаби резултати, Маск има необична тактика и почнал „Cybertrack“ автомобилите да ги продава на сопствените компании.
Според извештајот на порталот „Electrek“, стотина автомобили се испорачани на компанијата „Space X“, а се очекува да бидат испорачани уште илјада.
Исто така возилата биле видени и пред канцеларијата на неговата AI фирма „xAI“, што дополнително го потврдува тоа дека голем дел од продажбата всушност се одвива во внатрешноста на неговото деловно царство. Овој маневар повеќе личи на вешто „разубавување“ на статистиката отколку на вистинскиот успех на пазарот.
Срамни статистики за најамбициозниот проект на „Tesla“
Бројките не лажат. Во третиот квартал од 2025 година „Tesla“ продала само 5.385 автомобили, што е пад од речиси 63 отсто во однос на истиот период минатата година. Вкупно гледано, за цела година биле продадени само околу 16.000 возила.
Овие поразителни бројки за возилото кое требаше да доминира на пазарот се реални.
„Cybertruck“ стана симбол на несигурноста на „Tesla“ и сѐ подлабоките проблеми во сегментот на електричните возила.
Проблеми со дизајнот, квалитетот и имиџот
„Cybertruck“ досега бил повлечен осум пати поради сериозни проблеми со дизајнот. Критиките се однесуваат на безбедносни пропусти, функционалност и недоволна автономија, што е неприфатливо со оглед на неговата висока цена.
Покрај техничките проблеми, возилото станало симбол на поларизирачката личност на Маск. неговото однесување и изјави често го одвлекуваат вниманието од производот, а се повеќе купувачи губат доверба во „Tesla“ како бренд.
Без даночни олеснувања, уште полоша иднина
Третиот квартал бил подобар од очекуваниот, благодарение на даночните олеснувања за купувачите на електрични возила. Многумина сакале да купат возило пред истекот на федералните субвенции од 7.500 долари, што привремено ја зголемило продажбата.
Но, тој факт бил краткотраен. Даночните олеснувања истекле на 30 септември, како дел од т.н. „голем, прекрасен закон“ на претседателот Доналд Трамп.
Без овој поттик најверојатно продажбата дополнително ќе се намали, а резултатите за четвртиот квартал би можеле да бидат уште полоши.