[ФОТО] „Штедевме 70 години, само еднаш се живее“: Пензиониран пар (92) го купил своето прво „Porsche“

Точка

16/10/2025

14:05

1.287

Големина на фонт

а а а

Брачниот пар Еванс од Велика Британија покажа дека никогаш не е доцна за да се остварат соништата. За да ја прослават 70-годишнината од својот брак, парот решил да си го подари своето прво „Porsche“. И тоа не било коe туку зелено „Porsche 911 GT3“, преземено во официјалниот салон во Борнмут – парот Еванс платил 181.739 евра за него.

Додека повеќето луѓе би се одлучиле за мирна вечера или опуштено патување за да одбележат толку важен јубилеј, Евансови избрале нешто многу повозбудливо. Фотографијата од брачната двојка како се смее покрај нивниот нов спортски автомобил стана вирална, собирајќи илјадници реакции на социјалните мрежи.


Машина за најпребирливите возачи

„Porsche 911 GT3“ е машина развиена за најпребирливите возачи. Со атмосферски боксер мотор од 4,0 литри и 510 коњски сили, забрзувањето од 0 до 100 километри на час трае само 3,4 секунди – и навистина е невообичаено да се види 90-годишник зад воланот. Но, господинот Еванс докажал дека страста кон возењето нема рок на траење.


Приказната воодушеви многумина, кои ја истакнаа храброста и младешкиот дух на брачниот пар. Сепак, некои луѓе реагираат со иронија – на социјалните мрежи можат да се прочитаат коментари за „скромното“ наследство на нивните внуци или потешкотиите при влегување и излегување од автомобилот.

Но, Евансови се решителни: го поминале животот заедно, и сега сакаат да го уживаат до крај – зад воланот на нивното прво „Porsche“. По 70 години брак, тие докажаа дека никогаш не е доцна за исполнување на соништата.