Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, на вчерашната средба со македонската претседателка, Гордана Сиљановска – Давкова, ја нагласи јасната волја кај сите 27 земји, членки на ЕУ, за забрзано реинтегрирање на Балканот и го поздрави значајниот прогрес постигнат во рамките на Планот за раст, потенцирајќи дека земјава заслужува да оди напред.
Од Кабинетот на Сиљановска – Давкова соопштија дека на средбата претседателката ја реафирмирала посветеноста кон исполнувањето на стратешката цел – полноправно членство во ЕУ.
Урсула фон дер Лајен пак, разговорот го започнала со изразување отворен интерес на ЕУ за Западниот Балкан, заради неговата природна европска припадност во географска, историска и културна смисла, но и заради тектонските промени на меѓународниот поредок и зголемените светски и европски безбедносни закани.
Сиљановска – Давкова на средбата кажа дека очекува помош од Унијата во пронаоѓањето на излезно креативно решение за деблокада на македонските интеграции и изрази спремност за македонско-бугарски разговори по завршувањето на локалните избори.