ЛДП: Идентитетот не се гради со уривање на заштитеното културно наследство

Макфакс

16/10/2025

10:46

189

Големина на фонт

а а а

Либерално-демократската партија го осудува случајот со уривањето на спомен-куќата на Владо Малески во неговата родна Струга. Ова најдобро ја отсликува „грижата“ за културното наследство, кое е оставено на милост и немилост од страна на локалните шерифи, велат од ЛДП.

„Малески е дел од НОБ, важи за еден од најпознатите македонски творци, воедно е и автор на нашата химна „Денес над Македонија“ и е важен дел од македонското современо творештво“, соопшти ЛДП.

ЛДП од надлежните институции бара брза и ефикасна истрага за тоа која е причината и како дошло до уривање на цел еден ѕид од куќа, кој го издал одобрението за градба и кој ги контролирал работите на терен.

„Воедно, бидејќи се работи за сквернавење на заштитен споменик на културата, прогласен за културно наследство, бараме сторителот на делото да сноси и кривична одговорност и да послужи за пример на сите оние кои во иднина ќе помислат да сквернават заштитено културно наследство“, се додава во соопштението на ЛДП.