[ФОТО] Дали знаете чија ќерка е оваа убавица? Нејзиниот татко е прогласен за еден од најзгодните мажи на денешницата

Точка

16/10/2025

18:30

930

Големина на фонт

а а а

Ќерката на познатиот холивудски актер се појави на модната ревија на „Викторијас Сикрет“ во многу интересна модна комбинација.

Исан Елба, 23-годишната ќерка на актерот Идрис Елба, ги изненади сите со своето појавување на вчерашната модна ревија на „Викторијас Сикрет“. Појавувајќи се во краток фустан, таа им се придружи на ѕвездите како Миа Реган, Џоди Тарнер-Смит и Карен Гилан, кои исто така оставија малку простор на имагинацијата.


Имено Исан се појавила на настанот во црн, полупроѕирен мини фустан во стил на корсет. Таа носела и црни сандали со високи потпетици, а долгата црна коса ѝ била пуштена. Изгледот го надополнила со едноставни сребрени висечки обетки и прстен.


Модната ревија на светски познатиот бренд, кој главно дизајнира долна облека, се одржа вчера во Њујорк. Познатите „Ангели“ се вратија на модната писта минатата година, откако модната куќа дури шест години не ги одржувала своите познати ревии.


Како и секогаш, многу од гостинките пристигнале на настанот во тесни и екстравагантни изданија. На познатиот розов тепих можеше да се види сè, од светки до пердуви, па сè до фустани слични на мрежа. Освен на самата ревија, интересни модни избори биле забележани и на забавата по ревијата.


Инаку популарниот актер Идрис Елба ја добил ќерката Исан во 2002 година, кога се оженил со Хане Норгард. Во една прилика магазинот „Пипл“ истакна дека Исан сака да ги следи стапките на својот татко, а во 2019 година била именувана за амбасадор на „Golden Globe“, позиција што можат да ја имаат само децата на познати актери. Исто така Исан често се појавува на црвениот килим со својот татко.