[ФОТО] Златната олимпијка ги воодушеви обожавателите: И‘ велат дека е божица

Точка

16/10/2025

19:09

801

Големина на фонт

а а а

Златната олимпијка од Париз, Кили Хоџкинсон, ги воодушеви своите следбеници на Инстаграм со фотографија во атрактивно издание.

„Барби од џунглата“ е описот на објавата, која собра речиси 20.000 лајкови. Следбениците ѝ се восхитуваат во коментарите и велат дека е прекрасна, кралица, божица…


Најдобра во својата дисциплина

По Олимписките игри во Токио и среброто во трката на 800 метри, Хоџкинсон стана ѕвезда на светската атлетика, што ѝ донело улога во рекламни кампањи на големите спортски брендови. Таа собрала сериозен број медали, а на нив ги додаде и оние од Олимписките игри.

Хоџкинсон смета дека го промовира својот спорт на најдобар начин.


„Мислам дека ние тркачите работиме понапорно од некои во другите спортови. Не ја добиваме почитта што ја заслужуваме. Не знам како, но се надевам дека во иднина тоа ќе се промени на подобро“, рекла британската тркачка за „Гардијан“.

Кили има 23 години и потекнува од малото гратче Атертон, во близина на Манчестер. Одела на училиште со фудбалската ѕвезда Ела Тун, а тоа пријателство трае и денес. Почнала да тренира трчање кога имала девет години. Нејзин идол е Џесика Енис-Хил, која освоила олимписко злато во седмобој во Лондон во 2012 година.


Набргу, Хоџкинсон почнала да освојува медали на национални натпревари и европски настани. На Олимписките игри за прв пат настапила во Токио во 2020 година, освојувајќи сребрен медал на 800 метри. Во Париз, таа го постигнала најголемиот успех во својата кариера – златен медал.