[ВИДЕО] Страотна Експлозија во станбена зграда во Букурешт: Две лица загинаа, 12 се повредени

Макфакс

17/10/2025

12:34

2.108

Големина на фонт

а а а

Силна експлозија потресе осумкатна станбена зграда во Букурешт.

Според првичните извештаи од властите во романската престолнина, две лица загинаа, а 12 други се хоспитализирани, објави Ројтерс.

Експлозијата искрши прозорци во блиското средно училиште и уништи неколку станови на петтиот и шестиот кат од зградата.