Хејли Бибер, позната манекенка и претприемачка која го основала козметичкиот бренд „Roud“ заработила милиони, а сега отворено зборувала за жалењето затоа што не завршила ни средно образование.
Во новото интервју кое го објавил магазинот „Волстрит журнал“, 28-годишната Хејли отворено говорела за одлуката која ѝ го сменила животот, на подобро и на полошо.
„Не би седела тука и не би рекла никој да се обложува на тоа. Очигледно успеа и навистина сум горда на себе што го постигнав она што сум, а немам завршено ниту средно образование“, рекла сопругата на Џастин Бибер која одлучила уште во текот на тинејџерските денови да се впушти во манекенските води.
„Само би сакала тоа да го завршев затоа што бев толку блиску. Бев матурантка во средно училиште, скоро да го завршев и станав многу мрзелива“.
Компанија вредна милијарда долари
Од шетање по пистите за големите модни куќи до насловни страници на меѓународни магазини, Хејли изградила глобален бренд, а потоа основала бренд за козметички производи кои го обожаваат жените ширум светот.
Нејзината компанија за нега на кожа станала вирален фаворит поради своите минималистички естетики.
Но, најголемиот пресврт дошол кога неодамна ја продала компанијата за неверојатни милијарда долари.
Иако повеќе не го поседува брендот, ќе остане во компанијата како главен и креативен директор и шеф за иновации, улога која ѝ овозможува да продолжи да управува со визијата на брендот додека ужива во плодовите на успехот.