Карагер го охрабрува Слот да го остави Салах на клупа: Тој веќе не е недопирлив во Ливерпул

Дерби

20/10/2025

11:29

254

Големина на фонт

а а а

Ливерпул за првпат врза четири порази во низа по пауза од 11 години, а бидејќи последниот пристигна од лутиот ривал Манчестер Јунајтед, сосема очекувано е што има бурни реакции во англиската јавност.

Џејми Карагер уште после првиот пораз од Кристал Палас говореше дека Арне Слот мора да направи неколку промени во тимот, а според него, добра вест е што менаџерот го извадил од игра и Мо Салах, кој според него веќе не треба да биде недопирлив стартер.

– Фактот што Слот го извади Салах отвора голема дилема во тимот, сега навистина ќе биде интересно. Јирген Клоп знаеше почесто да го вади од игра, особено кога имаше лоши натпревари. Сметам дека дојдовме до фаза кога Мо Салах не треба да стартува на секој меч на Ливерпул, тој веќе не може да биде прво име во секој стартен тим на Ливерпул. Треба да игра на најважните натпревари на домашен терен, но кога Ливерпул има две гостувања како овие што следуваат, сметам дека не треба да игра на двата натпревари. Тој веќе не треба да биде недопирлив стартер во тимот, – објаснува Карагер, кој го советува Слот да реагира како тренер на Реал Мадрид.

– Идеајата да не играте играч како Флоријан Вирц на ваков натпревар е апсурдна. Ако платите 140 милиони евра за еден играч, тој мора да игра, тренерот мора да пронајде начин да функционираат новите засилувања. Кога ќе се потрошат толку пари на трансфер пазарот, треба да се работи на интеграција на фудбалерите. Ливерпул имаше лето како да е Реал Мадрид, ги купи најдобрите играчи кои беа достапни како Исак и Вирц, а сега Слот треба да реагира како тренер на Реал, како Карло Анчелоти или Висенте дел Боске, – изјави Карагер.