Чаби: Не смееме да си дозволиме такви работи со двајца играчи повеќе на теренот

Дерби

20/10/2025

12:30

388

Големина на фонт

а а а

Реал Мадрид извојува тешка победа против градскиот ривал Хетафе и постигна гол откако противникот остана со играч помалку на теренот, но потоа во судиското продолжение, фаворитот ризикуваше да испушти триумф во ситуација кога домаќинот доби и втор црвен картон.

Со девет фудбалери на теренот, Хетафе имаше голема шанса во 96-та минута, но Тибо Куртоа истрча навреме и го блокираше обидот на домаќините кои се обидоа да стигнат до сензационално израмнување.

Чаби Алонсо во својата анализа по натпреварот нагласи дека очекувал тврд и незгоден натпревар против ривал кој никогаш не нуди спектакуларен фудбал, но исто така, додаде дека неговите играчи не смеат да се дозволат опуштање како она во самата завршница.

– Никогаш не е лесно да се игра против Хетафе, особено не на нивни терен. Тие секогаш влегуваат максимално ангажирано и знаете дека ве чека компетитивен меч. Знаевме дека нема да гледаме најубав натпревар, но бевме концентрирани и на крајот го остваривме она по кое дојдовме. Моравме да бидеме претпазливи, знаевме дека нема да има фудбалски спектакл со Хетафе, но овој триумф ни дава можност да ја започнеме „Ел Класико“ неделата со добра енергија.

– Што се однесува до последната акција, со девет играчи на теренот, не смеете да му дозволите на ривалот да дојде до таква шанса. Ја загубивме топката и останавме надвор од позиции иако бевме супериорни. Не требаше да дозволиме таква шанса, но Куртоа си ја заврши работата и сега анализата ќе оди полесно со три бода во џебот, – изјави Чаби Алонсо по тешкиот триумф од 0:1.