Леао: Модриќ ме прегрна и ми испрати само една порака

Дерби

20/10/2025

12:29

346

Големина на фонт

а а а

Рафа Леао имаше тежок старт на сезоната и долго време беше во аут поради повреда, но сега полека се враќа на вистински колосек и тоа го потврди со важни два гола кои донесоа победа за Милан.

„Росонерите“ направија пресврт против Фиорентина благодарение на блесокот кој го имаше Португалецот, а откако Рафа доби и низа пофалби од Лука Модриќ по крајот на средбата на „Сан Сиро“, новинарите успеаја да извлечат изјава и од херојот на мечот.

Хрватот не штедеше комплименти за Леао и го нарече еден од најдобрите играчи во светот, па во моменти кога доби голема поддршка од искусниот ветеран, Рафа се потсети и на пораката која ја добил од Лука при првиот собир изминатово лето.

– Игравме како тим и на крајот успеавме да победиме. Беше тешко, но на крајот имавме доволно прилики и ги искористивме. Кога постигнавме прв гол го пробивме ледот и тимот почна да игра какошто треба. Се сеќавам на првата порака која ја добив од Модриќ. Кога тој пристигна во Милано, ме прегрна и ми порача дека сака да ми помогне.

– Навистина е извонредно да играте покрај него на теренот, се надевам дека ќе добијам многу асистенции од него оваа сезона. Головите ги посветувам на моите најблиски во семејството и на моите соиграчи кои ме одржуваа во добро расположение во соблекувалната. Оваа сезона можеме да направиме големи работи ако продолжиме да играме како тим, – изјави Леао.