Де Лихт откри дел од тактиката на Аморим: Добро знаевме кои се двете најслаби страни на Ливерпул

Дерби

20/10/2025

12:59

316

Големина на фонт

а а а

Манчестер Јунајтед го освои „Енфилд Роуд“ по пауза од речиси десет години и на тој начин ја продлабочи првата голема криза на Ливерпул во ерата на Арне Слот, пред се поради фактот што вчерашниот пораз за шампионот беше четврти неуспех во низа.

„Црвените ѓаволи“ подобро ги користеа своите шанси и профитираа од конфузната игра на Ливерпул во одбрана, а Матијс Де Лихт во разговорот за „Виаплеј“ откри дека Рубен Аморим добро ја разработил тактиката и побара од играчите на таргетираат двајцата противнички фудбалери.

Холандскиот дефанзивец говореше максимално отворено и откри дека бековите биле посочени како најслаби алки од страна на нивниот менаџер, јасно алудирајќи на Милош Керкез и Конор Бредли.

– Знаевме дека Ливерпул има свои слаби страни и знаевме дека тоа се нивните бекови во дефанзивната линија.

– Бевме крајно мотивирани да го одработиме договореното и го задржавме фокусот на највисоко ниво во текот на целиот натпревар. Дерби натпреварите се оние кои бараат максимална концентрација и овојпат го испочитувавме речиси секој дел од договореното, – изјави Де Лихт.