[ВИДЕО/ФОТО] Самоуверена и безвременски убава, на 62 години изгледа чудесно добро: Актерката заблескала на црвениот тепих во прекрасна креација и дијаманти околу вратот

Точка

20/10/2025

17:00

545

Големина на фонт

а а а

На црвениот тепих на овогодишната Гала вечера во Музејот на академијата за филмска уметност во Лос Анџелес продефилираа многу холивудски ѕвезди, но ниту една не заблеска како Деми Мур.

Во конкуренција на младите ѕвезди кои се менуваа пред фото-објективите, оваа холивудска дива уште еднаш покажа дека харизмата, елеганцијата и гламурот не знаат за години.

Настанот, кој ги обединува најголемите имиња од филмската индустрија и светскиот шоубизнис, и оваа година беше исполнет со луксузни тоалети, блескави дијаманти и модни моменти за паметење. А како што веќе споменавме, Деми Мур посебно се издвои.


Таа се појави на црвениот тепих во спектакуларен бордо фустан со длабоко деколте, совршено нагласувајќи го нејзиниот впечатлив дијамантски ѓердан и обетки.

Црната долга коса, стилизирана во локни, ѝ паѓала нежно по грбот, додека долгите нокти и беспрекорната шминка ја заокружија нејзината гламурозна појава.


Со 62 години, славната актерка уште еднаш покажа зошто со право важи за една од иконите на стилот во Холивуд — елегантна, самоуверена и безвременски убава.

Овојпат се водела според максимата „помалку е повеќе“ — и апсолутно успеа во тоа.