Лозано во една поинаква улога, сподели преслатки фотографии со синчето кои ќе ве стопат: „Нашата радост Марко...“

Точка

21/10/2025

13:42

1.362

Големина на фонт

а а а

Македонскиот пејач којшто важи за миленик на публиката, Влатко Лозаноски – Лозано, објави преслатки фотографии од своето синче и повторно успеа да ги добие симпатиите од јавноста.

Инаку, познато е дека Лозано ретко зборува за својот приватен живот во јавноста, па така беше и во случајот на бременоста на неговата партнерка и раѓањето на неговата најголема љубов – синот.

Лозано важи и за еден од најскромните изведувачи на македонската сцена, а неретко знае со задоволство да зборува на теми поврзани со музиката и неговото родно Кичево.

Токму затоа, овојпат Лозано ги изненади своите фанови објавувајќи неодоливи фотографии од неговото синче Марко на социјалните мрежи, но за тоа имало повод.

Поводот бил роденденот и крштевката на Марко, а под фотографиите славниот пејач напиша:

„Крштевка и прв роденден на нашата радост Марко. Биди ни секогаш среќен и од Бога благословен“.


Под фотографиите, пристигнале бројни честитки од неговите пријатели и колеги од естрадата:

„Нека е жив и здрав и само да ве радува. Преубав е“, „Живи, здрави и среќни да сте“, „На здравје и Спасение Марко, добредојде во светот на православието“, „Честитки Влатче, да ве радува цел живот“, Да ви ги полни срцата со љубов и радост“, „Сета среќа на светот ви ја посакувам, нека има среќно и безгрижно детство“.