Ова се најбезбедни земји во случај на избувнување на Трета светска војна

Точка

21/10/2025

19:31

1.536

Големина на фонт

а а а

Во последните години, меѓународните политички тензии достигнаа алармантни нивоа, поттикнувајќи стравувања од евентуално избувнување на Трета светска војна.

Иако се надеваме дека таков конфликт нема да ги опфати сите земји, во повеќето сценарија би вклучил глобални сили како што се САД, Кина, Русија и членките на НАТО. Поради напредокот во технологијата, потенцијалната употреба на нуклеарно оружје претставува најголема закана, а еден извештај анализирал кои нации би можеле да послужат како безбедни засолништа во случај на најлошото сценарио.

Листата е составена врз основа на податоци од Глобалниот индекс за мир, земајќи ја предвид географската локација, воената неутралност, растојанието од веројатните цели, инфраструктурата за цивилна заштита како што се засолништата и основната отпорност во форма на достапност на храна и енергија. Сепак, важно е да се спомене дека никој не може да ја предвиди иднината, па затоа овие информации треба да се земат со резерва.


Швајцарија

Благодарение на долгата историја на воена неутралност и планинскиот терен што ја отежнува копнената инвазија, Швајцарија се смета за исклучително безбедна. Земјата е исто така одлично подготвена за нуклеарен конфликт – има повеќе бункери отколку жители и напредни системи за филтрирање на воздух и снабдување со енергија.

Исланд

Оваа островска нација нема постојана војска и освен воздушните патишта, има малку стратешки важни цели на својата територија. Исланд се издвојува со својот силен сектор за обновлива енергија и ги задоволува своите потреби речиси целосно користејќи геотермални и хидроелектрични ресурси.


Аргентина

Аргентина е географски оддалечена од центрите на тензии во Европа, Северна Америка и Азија, што ѝ дава стратешка предност. Нејзините огромни земјоделски површини обезбедуваат прехранбена безбедност дури и во случај на целосен колапс на глобалната трговија.

Мадагаскар

Како голема островска држава, Мадагаскар е природно изолиран од африканскиот континент. Оваа изолација, во комбинација со ограничената инфраструктура, го прави малку веројатна мета во глобален конфликт.


Парагвај

Слично на другите јужноамерикански земји на листата, Парагвај има минимална стратешка вредност. Додека неговото развиено земјоделство му овозможува целосна самоодржливост во производството на храна.

Монголија

Иако се наоѓа помеѓу Русија и Кина, што може да изгледа проблематично, Монголија има мало стратешко значење. Поголемиот дел од населението сè уште води номадски начин на живот, а земјата е во голема мера самоодржлива.


Фиџи

Сместен илјадници километри од Австралија, Фиџи е исклучително оддалечен и практично нема воена вредност. Поседува сопствена инфраструктура и ресурси за производство на храна, што го прави погоден за живот дури и во најлоши околности.

Нов Зеланд

Со мал број на жители и изобилство на плодно земјоделско земјиште, Нов Зеланд е одличен избор. Неговата оддалеченост го прави ниско приоритетна мета, а земјата е целосно независна кога станува збор за производство на храна.


Меѓутоа важно е да се нагласи дека списокот на безбедни земји не е конечен – вреди да се истражат други опции, бидејќи меѓународните околности со текот на времето можат да се сменат.