Конте по најтешкиот пораз во кариерата: Предупредив за вакво нешто

Дерби

22/10/2025

13:56

208

Големина на фонт

а а а

Наполи настрада на гостувањето во Ајндховен и загуби со 6:2 од ПСВ, натпревар кој влегува во историјата во негативен контекст за италијанскиот првак, но и за тренерот Антонио Конте.

Наполитанците за првпат во историјата примија шест погодоци на еден европски натпревар, додека Конте за првпат во кариерата како тренер се соочи со пораз во кој неговиот тим примил шест голови.

Овој ужасен резултат ќе го прогонува Конте и во наредните неколку денови, а бидејќи имаше можност да говори уште од прес-центарот на „Филипс стадионот“, Конте уште еднаш се наврати на своите зборови од стартот на сезоната.

– Од самиот старт велев дека ова ќе биде комлицирана кампања за нас. Минатата сезона го освоивме Скудетото на неверојатен начин, со мал тим кој беше лимитиран, но кој не играше во Европа. Бевме сплотени и солидни, а сега треба да се вратиме на тие основи.

– Добивме девет нови фудбалери, бевме приморани да направиме толкави проблеми, а во вакви процеси, потребно е трпение и време. Од стартот на сезоната предупредував дека ќе биде тешко, добро препознавам вакви ситуации бидејќи сум се соочил со нешто слично и во минатото. Во Лигата на шампионите никој не ви простува, но не можеме да се жалиме. Мора напорно да работиме, свесни дека оваа сезона ќе мора да страдаме. Нема да бараме изговори, уште пред почетокот видов доволно јасни знаци кои ми укажаа дека ова ќе биде комплицирана и тешка сезона за нас, – изјави Конте.